Манчестер Јунајтед се распрашува за играч на Наполи

Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед се заинтересирал за играч на тимот на Наполи.

Станува збор за Џовани Ди Лоренцо кој игра на десната бековска позиција а кој се пресели во Неапол минатата сезона од Емполи.

Ди Лоренцо би пристигнал на „Олд Трафорд“ како резервна опција за Арон Ван Бисака кој е незаменлив на таа позиција, додека пак резервните фудбалери кои треба да играат на таа позиција, Диого Дало и Тимоти Фосу Менза би биле испратени на позајмица во некој премиерлигашки клуб.

Сепак се верува дека Наполи нема лесно да се откаже од неговите услуги, а се уште не е познат ставот ни на фудбалерот.