Прекинато е првенството во Данска!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако скоро сите ракометни лиги во светот се паузирани, а некои дури и се прекинати, од Данска ја дадоа својата изјава.

Имено, таму нема да има ракомет, барем со публиката, до септември.

„Нема да има спортски натпревари со публиката пред септември“, се вели во јасна порака од данскиот министер за спорт.

Многу брзо потоа, ракометната федерација на оваа земја донесе одлука да ја заврши сезоната, но не како што се очекуваше.

Поточно, ќе биде прогласен шампион, а ќе има клубови кои ќе отпаднат од лигата. Покрај тоа, екипите ќе бидат пријавени во Лигата на шампиони во ЕХФ.