Манчестер Јунајтед започнал преговори со српски репрезентативец


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Јунајтед го обновил интересот за фудбалерот на Лацио и репрезентативец на Србија, Сергеј Милинковиќ Савиќ.

25 годишниот фудбалер би можел да пристигне на „Олд Трафорд“ како замена за Пол Погба кој се поверојатно ќе си замине од Манчестер Јунајтед.

„Фут Меркато“ пишува дека веќе биле започнати преговори помеѓу претставниците на играчот и челниците на Манчестер Јунјатед за можен негов ангажман на „театарот на соништата“.