Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе неколку месеци наназад на големо се шпекулира дека играчот на Интер, Лаутаро Мартинез кариерата ќе ја продолжи во Барселона.
Младиот напаѓач наводно е посочен како идеално решение за нападот на „каталонците“ и како перфектна замена за Луис Суарез кој е во зрели фудбалски години.
Неговиот агент, Бето Јаке беше запрашан за можниот интерес од Барселона, а тој само кратко додаде дека неговиот клиент во моментов размислува само на Интер.
„Лаутаро моментално размислува само за интер и за тоа кога сезоната ќе продолжи. Сигурно дека е сатисфакција да знаеш дека клуб како Барселона те сака, но за тоа нема да размислуваме. Не знаеме ништо за тоа дека Меси го убедува да дојде во Барселона. На Лаутаро би му била чест да игра со него, но тој има уште пет години од договорот со Интер“ –изјави Јаке.