Тенисот се враќа на терените во август?

Ако може да се суди по тоа што го кажува претседателот на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП), Андреа, значи сезоната ќе продолжи во август.

Вирусот Ковид-19 ја прекина тениската сезона на почетокот на март, пред првиот Мастерс, кој требаше да биде одигран во Индијан Велс. Од тогаш беа одложени многу турнири, како и цела сезона на земја.

Засега официјална информација е дека тенис нема да се игра до 13 јули, но неофицијалната е дека нема да има тенис до август.

„Ако успееме да ја продолжиме сезоната во август, тогаш може и да ја спасиме. Ќе имаме три гренслем-турнири и шест Мастерси во сезона“, порача тој.