Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот на Арсенал кој повеќе е надвор од терените отколку на зелениот тревник, Хектор Белерин се поврзува со заминување од таборот на „топчиите“.
За 25 годишниот фудбалер постои нескриен интерес од неколку европски гиганти, а фаворит за неговиот потпис во моментов е Атлетико Мадрид.
Белерин кој игра за Арсенал од 2011 година има уште три години од актуелниот договор со клубот од Лондон и се верува дека тој ќе може да си замине од клубот за сума од околу 30 милиони евра.
Освен Атлетико Мадрид, ситуацијата со играчот ја разгледува и Севилја, а исто така заинтересиран е и тимот на Интер.