Италијанскиот министер за Спорт откри кога ќе продолжи Серија А


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанскиот министер за Спорт, Винченцо Спадафора кажа дека на четврти мај би продолжиле спортските активности во Италија.

Италија е една од најпогодените држави во пандемијата на коронавирусот, во која починаа 18.849 лица, а доколку продолжи да оди состојбата во подобар правец, тогаш повторно ќе гледаме спортна терените.

„Се појавуваат знаци на подобри времиња, но состојбата уште е драматична“, кажа Спадафора.

Спадафора кажа дека италијанската Влада во петок ги продолжи мерките за борба против коронавирусот до трети мај.

Доколку се потврдат плановите, тогаш од почетокот на мај би можеле да се играат останатите 12 кола и се верува дека првенството ќе заврши до почетокот на август.