Одлични вести од Турција: „Императорот“ го победи коронавирусот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фатих Терим, поранешниот турски селектор и тренер на Галатасарај, успеа да го победи коронавирусот.

Терим се огласи преку видео на социјалните мрежи, па на самиот почеток на пораката изрази сочуство на сите семејства кои загубија некој член поради коронавирусот.

„Како што е познато, веќе еден месец се борам со вирусот. Верувајте ми дека тоа не е лесна задача. Поради тоа, сакам со сите да споделам вест дека по долг процес на лекување, тестот на коронавирус денеска за првпат ми беше негативен“, кажа Терим.

Популарниот турски тренер, кој го нарекуваат „Императорот“, се разболе на 23 март, по што почна лекување против опасниот вирус.