Од Лацио на суд ќе ја бараат правдата доколку сезоната во Серија А не заврши


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италија беше жариште на коронавирусот во Европа и во оваа земја најпрво се воведоа рестрикциите кои го зафатија и фудбалот.

Сега кога бројот на новозаразени бележи благ пад, на Апенините се подготвуваат за враќање и на фудбалот во нормало.

Се очекува клубовите на 4 мај да добијат дозвола за тренинзи, а во тој случај на крајот на мај треба да се продолжи и сезоната во Серија А. И покрај тоа се уште постојат шпекулации дека првенството може да се прекине, а доколку тоа се случи од Лацио се заканиле дека правдата ќе ја бараат на суд.

Од римскиот клуб пратиле јасна порака дека сезоната мора да продолжи или во спротивно ќе одат на суд. Портпаролот на Лацио, Артуро Диаконале истакна дека при евентуалното одење на суд, следната сезона ќе биде загрозена и тоа на никој не му е во интерес.

„Ако оваа сезона не заврши по природен пат тогаш наредната ќе биде уништена затоа што се ќе заврши на суд. Се надеваме теренот ќе одлучи кој ќе слави, а кој ќе изгуби. Кој ќе оди во рајот, а кој во пеколот. Ако сезоната прекине сега сигурно одиме на суд, а тоа на никој нема да му донесе ништо добро“ –истакна Диаконале.