Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотенхем го изгради нивниот нов стадион пред една година, а за тоа потроши дури милијарда фунти. Сепак, премиерлигашот не најде спонзор во претходните години и поради тоа се соочува со криза.
Англиските медиуми објавија дека Тотенхем сега се наоѓа во сериозни преговори за продажба на името на стадионот.
Газдата Даниел Леви, наводно, преговара за десетгодишен договор со што Тотенхем ќе добива по 25 милиони фунти годишно.
Тотенхем исто така има предност затоа што на стадионот може да се одржуваат и други настани, како што се концерти и НФЛ-натпревари.
Засега нема официјална потврда за продажба на правата на името, но тоа се очекува наскоро доколку продолжи сезоната во Премиерлигата.