Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познатиот италијански дефанзивец Марко Матераци помина многу работи во кариерата, но Марио Балотели како соиграч заслужува посебно поглавје кога еден ден ќе излезе неговата биографија.
Матераци зборуваше за еден момент кога Балотели влегол во игра од клупата за резервни фудбалери, но тоа не му се допаднало и го фрлил дресот на под, по што Матераци почнал да го тепа.
„Вистина е, добро го претепав тогаш и му го спасив, зашто ако го слушнеа тоа навивачите… Го сакам Марио, но во тој момент го заслужи тоа што го доби, сега е друга приказна, повторно сме пријатели, но тоа што го направи тогаш, не треба никој никогаш да го прави“, откри Матераци.