Првиот човек на Бреша заразен со коронавирус и разочаран од Италија: Размислувам за британски пасош!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Бреша, Масимо Челино потврди дека е заразен со коронавирус заедно со неговата ќерка.

Првиот човек на италијанскиот клуб е само уште еден пациент на Ковид-19, со кој се заразил додека бил на Сардинија.

„Бев во Каљари неколку дена, откако три недели останав во карантин во Бреша. Бев во болница да направам тестови. Симптомите кои ги имав беа голем замор и имав болки во коските“, кажа тој.

Челино не сака да продолжи сезоната во Серија А поради пандемијата на вирусот, а сега е разочаран од раководството на италијанската лига.

„Апсурдно е тоа да разговараме дали треба да се игра или не. Ние сме мажи, имам вила во Каљари и една во Мајами, но девет милиони Италијанци живеат под границата на сиромаштијата. Срам ми е поради тоа што владата нема чувство за вакви работи. Сериозно размислувам да земам британски пасош…“, објаснува Челино.