Интер и Баерн ќе си разменат играчи ова лето


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Италијанскиот „Тутоспорт“ пренесува дека Баерн Минхен и Интер се блиску да договорат размена на играчи за овој летен преоден рок.

Во Баерн оваа сезона како позајмен фудбалер настапува Иван Перишиќ кого „баварците“ сакаат да го откупат по крајот на сезоната.

За да ја намалат цената која ќе ја бара Интер, од Баерн Минхен се подготвени да го понудат Корентин Толисо кој е на излезните врати од „Алијанц Арена“.