Шпанските професионални тимови започнуваат со тренирање од 4. мај

Ригорозните мерки преземени за борба против коронавирусите се намалуваат низ цела Европа.

Иако некои натпреварувања се паузирани или откажани, најсилните европски фудбалски и кошаркарски лиги сепак би можеле да продолжат во блиска иднина.

Шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека индивидуалните тренинзи се дозволени во земјата од 4. мај. Тој додаде и дека следната фаза на олабавување на мерката ќе дојде по две недели кога полека ќе се отворат спортски објекти (хали, стадиони).