Џо Харт потпишува за познат клуб од Чемпионшип?

Изгледа дека поранешниот голман на Англија, Џо Харт, наскоро може има нов клуб.

Харт, кој денес има 33 години, ќе биде слободен агент во текот на летото и ќе бара нов клуб.

Фудбал Инсајдер известува дека најверојатната опција досега е да се потпише за Лидс Јунајтед.

Тимот од Лидс може да остане без првиот голман Кико Касиља, а Харт треба да биде замената.

Поранешниот голман на Манчестер Сити е исто така отворен за можноста за помала плата за да потпише за клубот.

Инаку, Харт во моментов е член на тимот на Барнли. Тој е таму од летото 2018. година и оваа сезона го загуби своето место во почетниот состав и има само три натпревари во целата сезона.