Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој го носи дресот на Динамо Загреб, зборуваше за проблемите кои се случија во екипата по намалување на платите и заминувањето на тренерот Ненад Бјелица.
Адеми откри дека проблем во клубот била лошата комуникација помеѓу фудбалерите и раководството на хрватскиот гигант.
„Најголем проблем во клубот е комуникацијата, кога се зборуваше за кратење на плати во рок од една година, никој не знаеше дека тоа ќе се случи веднаш. Сите имавме различни договори, бевме збунети поради тоа што клубот е во стабилна финансиска состојба“, кажа Адеми.
Адеми често пати беше навредуван од страна на навивачите, но и покрај тоа македонскиот фудбалер решил да остане во Загреб, иако имал понуда од топ-5 лигите во светот.