Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дејвид Бекам е решен да го донесе Луис Суарез во својот Интер Мајами како едно од првите зувчни имиња во новио тклуб кој се натпреварува во МЛС Лигата.
Веќе некое време се шпекулира дека Барселона ќе се засили со Лаутаро Мартинез кој веднаш ќе го преземе местото прв напаѓач затоа што голема е веројатноста Суарез да си замине од Каталонија по крајот на оваа сезона.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Дејвид Бекам сериозно запнал да го ангажира Луис Суарез во Интер Мајами и нема да штеди пари за да го стори тоа.
Уругваецот остави длабока трага во историјата на Барселона, тим во кој на 270 натпревари успеа да постигне 191 погодок и да запише 108 асистенции.