Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Шпанските медиуми вчера објавија дека Реал Мадрид подготвил понуда за Пол Погба, но очигледно контра-понуда подготвува и Интер.
Манчестер јунајтед претходно не сакаше да го пушти својот фудбалер за помалку од 125 милиони евра, а тоа сакаше да го искористи Интер.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Антонио Конте сака да соработува со Погба во Милано бидејќи токму со него освојуваше титули со Јувентус пред неколку години.
Погба со Јунајтед има договор до 2022 година, а Интер во случај да го продаде Лаутаро Мартинез, ќе има доволно пари да го откупи Французинот.
Јунајтед има опција да му го продолжи договорот на уште една година, а ако Погба го одбие тоа, тогаш „ѓаволите“ ќе го продадат за 80 милиони евра.