Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Фарид Ел Мелали е фатен во понеделникот како наводно мастурбирал во јавност, а ќе му се суди поради непристојно однесување.
Алжирскиот интернационалец и играч на Анже потпиша договор до 2023 година со клубот од Лига 1 еден ден пред да биде уапсен.
Полицијата вели дека 22-годишниот фудбалер го испрашале за инцидентот, откако неговите соседи тврделе дека виделе како се самозадоволува пред зграда.
„Не бил агресивен кон никого“, кажала неговата адвокатка Сандра.
Меѓутоа, напаѓачот го признал непримерниот потег кога го испрашувала полцијата и им кажал дека се наоѓал во дворот на зградата.