Поранешниот хрватски репрезентативец заврши во полиција поради семејно насилство


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот хрватски репрезентативец и селектор на репрезентацијата до 20 години, Огњен Вукојевиќ заврши во полиција поради пријава за семејно насилство.

Како што пишуваат медиумите, Вукојевиќ наводно направил кривично дело закана. Хрватската полиција потврдила дека истрагата е во тек и не може да се откријат повеќе детали додека не заврши.

Вукојевиќ, според неофицијални информации, го пријавила личност од неговото семејство, која го објавила за вербално насилно однесување и сериозни закани.

Ако добие прекршочна пријава, Вукојевиќ би можел да биде изведен пред судија, а ако добие кривична пријава, не е исклучен ниту истражен затвор.