Олимписки шампион непрепознатлив: Тежи неверојатни 210 килограми


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Некогашниот олимписки шампион во борење, Американецот, Рулон Гарднер, 20 години по освојувањето на златниот медал во Сиднеј, сега изгледа непрепознатливо.

Гарднер на Олимписките игри во 2000 година, во финалето на натпреварот во борење, грчко-римски стил до 130 кг. го победи Александар Карелин и му го нанесе првиот пораз по 13 години.

По овој медал се тргнало надолу за Гарднер кој должи цели четири милиони долари на државата, а во моментов има и неверојатни 210 килограми.

Гарднер имал понуда од WWE федерацијата каде доколку се приклучел сега ќе имал милиони, но тој истата ја одбил.

Сега некогаш перспективниот борец има голем проблем со тежината, но како што изјави за едни американски медиуми во моментов работи на намалување на килажата.