Јовиќ омразен лик во Мадрид, кариерата во Реал му е готова

Од Реал Мадрид се многу лути на Лука Јовиќ кој дојде со тешка повреда на почетокот на тренинг кампот.

Вчера од таборот на „кралскиот клуб“ објавија дека Јовиќ го скршил стапалото, а играчот потврдил дека истата ја заработил додека тренирал во својот дом во Белград.

Мадридските медиуми жестоко удрија по напаѓачот, а „АС“ беше навистина жесток во своите напади. Весникот го искористи и играчот од Атлетико Мадрид кој има коронавирус, Ренан Лоди.

Под фотографијата на Лоди стои зборот „позитивен“, додека под фотографијата на Јовиќ стои зборот „негативен“.