Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дејвид Блат, поранешниот тренер на Кливленд и голем број европски екипи, вели дека кошарката е многу поинаква денеска, за разлика од таа во времето на Мајкл Џордан.
Докуметарната серија „Последниот танц“ за неговото „височество“ заврши, а коментари има премногу.
„Таа е многу интересна, одлична за период во кој живееме. Ако нешто луѓето може да извлечат од очајот, тогаш тоа е оваа серија. Вистина дека бруталната искреност малку ме изненади. Како тренер, навикнав светот да го доживувам како нешто затворено и тивко. Сега наеднаш се е отворено. Џордан денес би постигнувал по 50 поени во просек“, кажа Блат.
Блат направи и споредба меѓу Леброн Џејмс и Мајкл Џордан.
„Леброн порасна во поинаква ера од таа на Мајкл. Погледнете што направија со Џордан, колку физички контакти имаше. Мајкл денес би шутиралнајмалку 25 слободни фрлања. Правилата во НБА-лигата се променија“, објасни Блат.