Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас синоќа најави дека ќе продолжи сезоната во Шпанја на 11 јуни. Шпанците донеле одлука да го рестартираат фудбалот и спортот од 8 јуни.
Тебас кажа дека го сонува датумот 11 јуни, но не сакаше да потврди затоа што треба да се почеока со големите одлуки.
„Постои можност да се вратиме со натпревари во четврток на 11 јуни. Би сакале тоа да биде дербито на Андалузија меѓу Севилја и Бетис. Тој меч би бил посебен. Ќе се игра од 10 часот навечер“, кажа Тебас.
Клубовите од денеска може да тренираат во поголеми групи од 14 фудбалери, а тоа е вонредна вест и сигурно добро ќе им дојде на клубовите кои се подготвуваат за продолжување на сезоната.