Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е најплатен активен спортист во светот за 2020 година, според магазинот „Форбс“.
Во последните 12 месеци заработи неверојатни 106,3 милиони евра, од што 100 милиони се од спонзори.
Федерер е првиот тенисер кој стана најплатен во светот на листата на „Форбс“, која се објавува во последните 30 години. На второ место е Кристијано Роналдо со 105 милиони долари, а трет е Лионел Меси со 104 милиони.
Веднаш зад нив се Нејмар, Леброн Џејмс, а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е дури на 23 позиција на листата.
Најдобро платена спортистка е Јапонката Наоми Осака со 37,4 милиони долари, а зад неа е Серена Вилијамс со 36 милиони.