Милер со своите одлични настапи постави рекорд во Бундеслигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер продолжи да игра фантастично, а сега се запиша во историјата на Бундеслигата.

Милер му асистираше на Роберт Левандовски за третиот погодок во победата од 5-0 против Фортуна Дизелдорф и на тој начин стигна до 19 асистенци.

Со тоа постави нов рекорд во Бундеслигата по број на асистенции по 29 кола, а покрај тоа има и седум погодоци.

Иако голем дел од европските лиги не се играат поради пандемијата на вирусот, важно е да се нагласи дека германскиот фудбалер во моментов е прв асистент во Европа пред Кевин де Брајне со 17 асистенции.

Милер неодамна го продолжи договорот со Баварците до 2023 година, а во моментов има 30 години.