Тренингот на Азар ја враќа надежта кај навивачите на Реал Мадрид (ВИДЕО)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Еден Азар минатото лето направи голем трансфер од Челси во Реал Мадрид. Сепак, навивачите на шпанскиот гигант ја видоа само неговата „сенка“.

Азар имаше проблем со килограмите од моментот на пристигнување во Мадрид, а потоа се појавија и тешките повреди, по што мораше да паузира.

Меѓутоа, иако многумина сметаа дека сезонава е завршена за него, сепак пандемијата на вирусот го одложи тоа, па Азар ќе може да настапи во финишот.

Последните снимки од неговиот тренинг ја враќаат надежта меѓу навивачите на „кралскиот клуб“ и тие се надеваат дека конечно ќе го добијат вистинскиот Азар.