Манчестер Сити е најголем потрошувач, но позицијата на Ливерпул е фасцинантна


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јасно е дека екипата на Ливерпул оствари одлични резултати во последните неколку години, кои ќе бидат крунисани со титула во Премиер лигата оваа сезона.

Сепак, кога станува збор за трошење на пари за трансфери наспроти продажба на играчи, има еден крал и секако станува збор за Манчестер Сити.

Манчестер Сити потроши дури 602 милиони фунти, а на второто место е Манчестер Јунајтед со потрошени 484,88 милиони фунти.

Арсенал е трет со потрошени 267,88 милиони фунти, додека на четвртото место е тимот на Евертон, кој потроши 225,42 милиони фунти.

Челси е на 13. место со 115,57 милиони фунти, а неверојатно е што Ливерпул е на 14-то место со 107,58 милиони фунти.

Единствениот тим кој профитираше е Норвич кој е во плус 25 милиони фунти кога станува збор за односот на појдовни и дојдовни трансфери.