Ништо од Тешеира, Бразилецот не доаѓа во Металург

Бразилецот, Енрике Тешеира нема да се пресели во Металург иако имаше договор со клубот од Автокоманда.

Причината за тоа што Тешеира нема да биде нов член на Металург е неговата девојка која во моментов е трудна.

Наводно таа сакала да остане во Букурешт и одбила да се пресели во Скопје. Тешеира токму затоа бил приморан да го раскине договорот со Металург.

Бразиелцот две години помина во ЦСМ Букурешт, а во европскиот ракомент играше и за Гранољерс и  Уеска.