Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Донесен е планот за крај на прекинатата НБА сезона. 22-те екипи ќе патуваат во Орландо на крајот на јули, ќе го завршат регуларниот дел од сезоната, ќе ги одредат позициите за плеј-офот, а првите 16 ќе стартуваат во плеј-офот.
Воведени се правила за финишот на сезоната во НБА „во изолација“, а спортскиот новинар Шамс Харанија тврди за новите детали за кои се дискутираат од врвот на лигата.
Наводно е решено дека, кога сезоната конечно ќе продолжи, играчите ќе продолжат да бидат тестирани за допинг и недозволени супстанции, но и дека оние чии тестови се позитивни на лесни дроги нема да трпат последици. Се разбира, марихуаната е на прво место.
Sources: The NBA and NBPA have agreed to conduct performance-enhancing drug testing during resumed 2019-20 season in Orlando — but tests for recreational drugs will remain suspended.
— Shams Charania (@ShamsCharania) June 8, 2020
Исто така, НБА одлучи за постапката доколку некој од играчите го напушти „карантинот“ во Орландо пред крајот на сезоната.
По нивното враќање во овој град и комплексот каде ќе се играат натпреварите, тие ќе треба да бидат во карантин најмалку 10 дена, а ќе можат да излезат од него по два негативни теста за коронавирус.
Сезоната во НБА лигата е предвидено да продолжи на 31. јули.