Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако Ливерпул скоро сигурно нема да направи големи трансфери следното лето, и тоа со цел да се избегнат финансиските проблеми поради пандемијата на коронавирус, раководството на овој клуб работи напорно.
Така, му понуди нов договор на играчот од средниот ред, Вијналдум, кој е неопходен во првиот тим на Јирген Клоп.
Според англиските медиуми, тој ќе добие нов тригодишен договор, кој е финансиски подобар, па затоа е тешко да се очекува дека тој нема да го потпише.
Неговиот тековен договор истекува на крајот на следната сезона, а раководството на Ливерпул не сака да му дозволи да замине бесплатно.
Така, Холанѓанецот скоро сигурно ќе го носи дресот на Ливерпул наредните три години, во кој игра одлично.