Роналдо со порака до навивачите пред натпреварот со Милан

Офанзивецот на Јувентус, Кристијано Роналдо се обрати до навивачите во исчекување на вториот полуфинален натпреварод Купот на Италија против Милан.

Натпреварот се игра вечерва со почеток од 21 часот, а првиот натпревар меѓу двете екипи заврши без победник, 1:1.

Со овој натпревар фудбалот на Апенинскиот полуостров и дефинитивно ќе се врати по цели три месеци пауза.

„Без оглед каде и да сте,засекогаш ќе бидеме заедно“ –упати порака Роналдо до навивачите на Јувентус кој овој натпревар ќе мора да го изгледаат од своите домови.