Манчестер Сити сака да се засили со играч на Реал Мадрид


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Од редовите на Манчестер Сити се заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Реал Мадрид кој во моментов настапува за Борусија Дортмунд, Ашраф Хакими.

Ваквата вест ја пренесува „Кадена Сер“ кој јавува дека „Граѓаните“ сакаат да го ангажираат фудбалерот кој игра одлично во дресот на Борусија Дортмунд.

Се верува дека Реал Мадрид и покрај одличните настапи на Хакими во Борусија, ќе се согласи да го продаде играчот кога трансфер периодот ќе биде отворен.

„Кралскиот клуб“ за неговиот потпис ќе бара сума од околу 54 милиони евра.