Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Челси испратил понуда за услугите на Миралем Пјаниќ од Јувентус.
Маурисио Сари е подготвен да остане без услугите на босанскиот играч од средниот ред, па Јувентус е отворен да слуша понуди за Пјаниќ.
За одличниот фудбалер се интересира и Барселона, а наводно Пјаниќ сакал да направи трансфер на „Камп Ноу“, но засега преговорите се во ќорсокак откако Артур одби да биде вклучен во евентуалниот трансфер на Босанецот.
Челси, пак, би можел да го вклучи Жоржињо во понудата за Миралем Пјаниќ.