Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пандемијата на коронавирус предизвика големи промени во светот на спортот, барем кога станува збор за 2020. година.
Многу натпреварувања се одложени, а некои се преместени за една или две година, оставајќи ги навивачите разочарани.
Претседателот на Меѓународната ракометна федерација, Хасан Мустафа, е јасен кога станува збор за Светското првенство што ќе се одржи во јануари следната година.
“Првенството ќе се одржи во Египет и немаме намера да го одложиме заради коронавирусот. Државата е подготвена да го организира натпреварувањето. Убеден сум дека првенството во Египет ќе биде едно од најдобрите”, рече Мустафа.
Светскиот куп ќе се игра од 14. до 31. јануари следната година, а ќе биде првиот шампионат со 32 наместо 24 репрезентации.