Пјаниќ е жртва на Сари во финалето на Купот на Италија?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Првиот трофеј во 2020. година ќе биде доделен во Апенините вечерва, откако Јувентус и Наполи го играат финалето на Купот на Италија.

Имено, Пјаниќ би можел да биде жртва на тактиката на Маурицио Сари и натпреварот треба да започне од клупата за резервни играчи, а Родриго Бентанкур би играл на својата позиција.

Блејз Матуиди и Сами Кедира би играле во средниот ред, Хуан Квадрадо би можел да се врати во одбраната, додека остатокот од тимот треба да биде непроменет во однос на полуфиналниот дуел со Милан.

Составите треба да изгледаат вака:

Јувентус: Буфон; Квадрадо, Де Лихт, Бонучи, Алекс Сандро; Бентанкур, Кедира, Матуиди; Даглас Коста, Дибала, Кристијано Роналдо.

Наполи: Мерет; Ди Лоренцо, Максимовиќ, Кулибали, Марио Руи; Фабијан Руиз, Деме, Зиелински; Калејон, Мертенс, Инсиње