Јовиќ кажа „Да“, сега се чека Реал Мадрид!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид минатата недела за услугите на Лука Јовиќ плати 60 милиони евра, но Србинот не успеа да се покаже и да се прилагоди во шпанскиот гигант.

Српскиот напаѓач најверојатно ќе го напушти Мадрид по завршување на сезоната, а следната сезона ќе игра во Милан, каде што треба да биде замена за Златан Ибрахимовиќ.

Шпанските медиуми пишуваат дека Јовиќ се согласил да се преслеи во Милан и поради тоа веќе го одбил Арсенал, а наводно ќе замине на двегодишна позајмица со можност за откуп за 35 милиони евра.

Во досегашниот дел од сезоната Јовиќ одигра повеќе од 700 минути за „кралевите“ и постигна само два погодоци.