Фрејзер ги одби Тотенхем и Арсенал за да потпише за друг клуб од Премиер лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Борнмут, Рајан Фрејзер ќе си замине од клубот ова лето и како слободен агент ќе направи трансфер во друг клуб од Премиер лигата.

За 26 годишниот шкотски интернационалец постоеше интерес од Тотенхем и Арсенал кои долго време ја следеа неговата ситуација, но на крај ќе останат со празни раце.

Имено, Фрејзер според „Дејли Мејл“ се согласил да направи трансфер во таборот на Евертон.

„Карамелите“ на играчот му понудиле сосема солиден договор според кој би заработувал 100.000 фунти неделна плата, нешто што клубовите од Северен Лоднон не биле подготвени да му го понудат.