Сари се правда по поразот од Наполи во финалето од Купот на Италија: Немаме…


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Старата дама“ ни оваа сезона не успеа да дојде до трофејот во Купот на Италија откако беше поразена од Наполи на финалниот натпревар одигран во Рим.

По овој натпревар следеа лавина напади на адреса на Маурисио Сари кој уште еднаш не успеа да ги воодушеви фановите со својата такстичка поставеност.

„Разочарани сме, но во овој момент и не можевме повеќе зошто ни недостасува острина. Ни недостигаа неколку играчи и моравме да правиме некои поинакви избори. Имавме посед, но ни фалеше острина за тоа да го преточиме во опасни ситуации. Немаме тактички проблеми, но овие играчи немаа доволно одлучност за ситуациите кои во редовни околности ги решаваат, сега да ги решат“ –изјави Сари.