Барселона почнаа да „плачат“: УЕФА ќе му даде предност на Наполи?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На последниот состанок на УЕФА, одржан пред два дена, беше решено и потврдено за тоа што се пишува веќе некое време.

Завршницата од сезоната во Лигата на шампионите ќе се игра во формат „Final 8“, во Лисабон.

Сепак, пред Ф8, потребно е да се играат преостанатите реванш натпревари од осминна финалето, кои беа одложени поради пандемијата на коронавирусот.

Тие натпревари ќе се играат на 7-ми и 8-ми август, но сè уште не се знае каде. Односно, не е познато дали ќе се играат во Лисабон или ќе се играат на терените каде што првично беше планирано.

Еден од тие мечеви е оној меѓу Барселона и Наполи, кој требаше да се одигра на „Ноу Камп“ пред да биде прекинато натпреварувањето. Да потсетиме, првиот натпревар од осмина финалето меѓу овие две екипи, одигран на стадионот на Наполи, заврши со резултат 1:1.

Сега во Барселона се плашат дека Наполи би можел да добие неочекувана предност ако се одлучи дека реваншот ќе се игра на неутрален терен.