Гвардиола потврди: Млада ѕвезда го напушта Манчестер сити!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец Лирој Сане ја отфрли можноста да го продолжи договорот со Манчестер сити и покажа желба да замине од клубот.

Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола кажа дека Сане летово ќе го напушти клубот, иако неговата соработка важи до следното лето.

„Клубот му испрати две-три понуди, но тој ги одби сите. Може да замине на крајот на сезоната, доколку се договори некој клуб. Ако нема договор, тогаш ќе замине откако ќе му заврши соработката“, кажа Гвардиола.

Интерес за Сане покажа Баерн Минхен, кој веќе некое време го посакува, па сега е нивната шанса да го ангажираат.

„Има посебен квалитет. Но, ние сакаме фудбалери кои имаат желба да играат за клубот“, објасни Гвардиола.