Борба на годината? Со скинати лигаменти на коленото го истепа противникот! (ВИДЕО)


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Рано изутрина беше забележана фантастична борба во перо-лесна категорија на УФЦ-настанот во Лас Вегас. Џош Емет успеа да го победи Шејн Бургос и да ја продолжи серијата на три триумфи.

Емет на самиот почеток на мечот ги скинал лигаментите на коленото, но успеал да продолжи со борбата, која стана вистинска војна во рингот.

„Мислам дека многумина во моја позиција би се откажале. Мислам дека во првите 45 секуни ги скинав лигаментите на коленото. никогаш не сум почуствувал такво нешто. Ми беше многу болно, но знаев дека морам да се прилагодам на борбата“, кажа Емет.