Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Во претходните недели се пишуваше многу дека Маурицио Сари дека сака да се ослободи од Миралем Пјаниќ и играчот беше најмногу поврзуван со преселба во Барселона и Челзи.
Најголем проблем со договорот со каталонскиот клуб е фактот што Артур Мело одбива да замине во Јувентус, додека Старата дама не сака друг играч на Барселона во замена за Пјаниќ.
Сепак, покрај Барселона, Пјаниќ се поврзуваше и со Челси во последните неколку недели. Италијанските медиуми објавија дека Сари сака да го донесе својот миленик Жоргињо во клубот, а Јувентус му понудил на Пјаниќ да замине како замена за него.
Имаше неколку приказни дека лондонскиот клуб би можел да се согласи на ваков исход на ситуацијата, но сега е јасно дека нема ништо за тоа. Калчомеркато утрово објави дека Челси официјално му кажал на Јувентус дека нема никакви шанси за размената на играчи Пјаниќ – Жоргињо.
Наводно, Френк Лампард се вклучил во сè, велејќи дека ќе биде голема загуба за неговиот тим да го ослободи Жоргињо , и очигледно дека доаѓањето на Пјаниќ не е најдобро решение за него.
Лампард ги советувал челниците на Челси дека не треба да се согласат со ваквиот предлог на Јувентус. Сега големото прашање е што ќе се случи со Пјаниќ затоа што очигледно Барселона и Челзи се откажаа од него.
Вчера Ла Газета дело Спорт објави дека Сари и Пјаниќ не се во добри односи и дека тренерот на Јувентус нема да смета на играчот следната сезона.