Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во шпанската Ла Лига на никој Ковид-19 паузата не му дојде добро, освен на фудбалерите на Реал Мадрид, барем така може да забележиме по нивните резултати.
„Кралевите“ се единствен тим со три победи по рестартот на првенството, а освен тоа солидно играат и Виљареал и Барселона.
„Жолтата подморница“ одигра четири меча и победија три пати, додека Барселона успеа да слави двапати на три дуели.
Виљареал освои најмногу бодови од враќањето на Ла Лига, но тоа е поради фактот дека имаат еден меч повеќе од „кралевите“.
Реал со победите се врати на лидерската позиција во Шпанија, иако имаат ист број на бодови со Барселона, но и подобар меѓусебен дуел.
До крајот на Ла Лига останаа уште осум натпревари и сигурно ќе биде возбудлива борбата за титулата, но и за пласман во европските натпреварувања на останатите тимови.