Ливерпул потврди дека еден играч ќе си замине следната недела

Од таборот на Ливерпул потврдија дека Натаниел Клајн ќе си замине од клубот откако неговиот договор ќе истече по крајот на овој месец.

Натанел Клајн пристигна во Ливерпул во 2015 година и од тогаш за клубот од „Енфилд“ запиша вкупно 103 настапи.

Оваа сезона фудбалерот немаше можност да настапи за шампионскиот тим на Ливерпул, а ќе нема шанса ниту да ја прослави титулата која ќе биде доделена кон крајот на месец јули.