Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар ја доби заслужената титула, откако денеска ФФМ потврди дека најтрофејниот клуб е шампион на Македонија, иако остана без евролиценца за следната сезона.
Тренерот на „црвено-црните“, Александар Васовски по тој повод се огласи на социјалните мрежи и им се заблагодари на навивачите.
„Честитки до играчите, стручниот штаб, управата, газдата и Комити. Успеавме да ја вратиме титулата по две години со најмладата екипа на Вардар во историјата. Уживајте Комити, ви благодарам“, напиша Васовски.
И голманот Филип Гачевски ја честиташе титулата, но кажа дека е штета што нема да играат во Европа.
„Први сме во Македонија, а не нема во Европа! А кога го нема Вардар во Европа, ја нема и Македонија. Што можеме ние играчите. Ние ја исполнивме целта, но не добивме награда. Штета за оваа шампионска генерација. Само Вардар, само Република Македонија“, порача Гачевски.