Јувентус и официјално ги продолжи договорите со двете легенди


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Јувентус и официјално потврдија дека двете легенди на клубот, Џиџи Буфон и Џорџо Кјелини ги продолжиле договорите со клубот.

И двајцата потпишале едногодишни договори кои лесно би можеле да бидат нивни последни во играчкитекариери.

43 годишниот Буфон цели 18 години го носи дресот на Јувентус, додека Кјелини е дел од торинскиот клуб 15 години.

Буфон во својата богата кариера освои 19 трофеи со тимот на Јувентус, додека Кјелини освои 17 трофеи.