Пике го исмејуваше ВАР-системот, а потоа порача: Не се сеќавам на тоа (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона вчера славеше со 4-1 во рамки на 34. коло од Ла Лига. Со оваа победа Каталонците останаа на четири бода негатива зад првопласираниот Реал Мадрид.

Во центар на внимание синоќа беше и Жерар Пике, кој во 71. минута поради поништен гол на Лионел Меси поради офсајд, го исмејуваше ВАР-системот.

Додека фудбалерите ја чекаа одлуката, Пике се сврте кон судијата и порача дека во ВАР-собата чекаат некакви инструкции.

„Не се сеќавам. Во текот на мечот имаше многу работи поради адреналин“, порача Пике по дуелот.