Нов потпис на „Енфилд“: Навивачите на Ливерпул задоволни со последната активност на клубот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од таборот на Ливерпул потврдија дека младиот и екстра талентиран фудбалер на клубот, Харви Елиот потпишал нов договор.

Елиот во текот на денешниот ден го потпишал својот прв професионален договор со Ливерпул со кој се обврза на верност со новиот шампион на Англија во следните години.

Станува збор за играч кој има 17 години и кој веќе има осум настапи во првиот тим на Ливерпул досега.

Тој дебитираше за клубот во септември во натпревар од ЕФЛ Купот со МК Донс кога стана вториот најмлад дебитант во клупската историја.