Бруно Фернандеш избран за фудбалер на месецот во Премиерлигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш избран е за најдобар фудбалер во Премиерлигата за месец јуни.

Ова е вторпат по ред Португалец да ја добие наградата во Премиерлигата. Првпат ја доби во февруари, па така стана прв фудбалер на Јунајтед, по 14 години и Кристијано Роналдо, кој двапати ја добивал наградата по ред.

Освен Фернандеш и Роналдо, оваа награда двапати ја освојуваа Роби Фаулер, Денис Бергкамп, Мохамед Салах, Џејми Варди и Хари Кејн.

Јунајтед синоќа во 34. коло од Премиерлигата беше подобар од Астон вила со 3-0.